Е-маил support@amc.com.mk
Телефон +389 2 3125-097 | +389 71/248-656
Работно време Пон-Пет 09:00-17:00
Facebook

Грижа за корисници

АМЦ Сервис – партнер од доверба и квалитет. Ваш вистински пријател во дигиталната технологија

На секој телевизор, компјутер, лаптоп, смарт телефон, таблет…, им посветуваме маскимално внимание. Секој проблем го решаваме трпеливо и квалитетно, секако во рамките на законски дозволените рокови.

Секогаш со самата поправка ќе обратиме внимание и на други можни проблеми, ќе ви го исчистиме компјутерот или лаптопот од прашина, ќе ја тестираме меморијата и хард дискот. Пример, доколку во вашиот лаптоп сте го оштетиле DC конекторот за напојување, и е потребно тој да се поправи или замени, лаптопот мора цел да се отвори. Во таа активност нашиот сервис отворајќи го и ќе го исчисти лаптопот од прашина, ќе стави нова термална паста, ќе го очисти куќиштето на компјутерот или лаптопот, ќе го погледне системот итн, итн.

Зошто токму АМЦ Сервис?
При секоја наша поправка внимаваме и на останатите непријавени проблеми и во соработка со клиентот, брзо, стручно и квалитетно ги отстрануваме.

Една од стратешките цели на АМЦ е да изгради исклучително квалитетни услуга и грижа за своите корисници со цел да создадеме високо ниво на лојалност кај нашите партнери и крајни потрошувачи. Задоволниот корисник е вистинскиот успех во бизнисот.

Со желба да ги задоволиме сите ваши потреби и барања како наши корисници, во конкретниот случај сервисен центар, би Ве замолиле сите ваши пофалби или поплаки да ни ги испратите на маил: customercare@amc.com.mk.
Со Вашиот придонес ќе успееме да ги корегираме евентуалните пропусти и на Ваше и Наше задоволство да добиете поквалитетна услуга.
Цените и спецификациите се предмет на промена. АМЦ не одговора и однапред се извинуваме за печатни грешки и промена на цени. Ве покануваме секогаш при купувањето првин да ги утврдите карактеристиките и цената на производот што сакате да го купите. Уживајте во технологијата.

Со почит
Тимот за сервисна грижа за корисници при АМЦ

Сервис на повик

Доколку не сте во можност Вашиот уред да го доставите во сервисот на АМЦ, контактирајте не за да договориме време кога наш сервисер да Ве посети за да изврши интервенција на Вашиот уред. Доколку не може да се поправи кај Вас, уредот ќе биде превземен за сервис во сервисот на АМЦ.

Помош од далечина

Имате софтверски проблеми со вашиот уред, а не сте во можност истиот да го доставите во сервис? – АМЦ сервис нуди помош од далечина. Контактирајте не на еден од контакт телефоните и побарајте да разговарате со стручно лице на кое што ќе му го опишете вашиот проблем.

Scroll Up